Движење проти коцкање ќе организира референдум во Тетово за игрите на среќа. Тоа ќе се постигне доколку овој предлог прво помине во Советот на општината, со чиј претседавач Бесар Дурмиши се сретнаа претставници на Движењето. Јуши Емурлаи вели дека општина Тетово доцни со процесот откако пред четири месеци се расправаше за ова прашање. На следната седница се очекува предлогот да се најде пред општинските советници, а потоа во рок од 40 дена да се организира референдум.
„Од денот кога ќе помине во Советот, остануваат 40 дена кога овој референдум мора да се спроведе во пракса. Односно ќе се гласа како на нормални избори. Побаравме што поскоро да се спроведе овој референдум, но со намерното и ненамерно одолговлекување, општина Тетово доцни, намерно или не, поминаа 4 месеци од дебатата во општина Тетово“, вели Јуши Емурлау.
Претседавачот на Советот на општината вели дека овој предлог ќе биде доставен до Советот, а потоа ќе се консултираат и советничките групи.
„Следната недела, поточно во понеделник ќе бидете информирани и ќе се сретнам со координаторите на политичките партии на локално ниво заедно со Движењето против коцкање за да видиме какви понатамошни чекори ќе преземеме“.
Од Движењето против коцкање ветуваат дека ќе организираат референдум во сите градови на Македонија, бидејќи законот што треба да се донесе во Собрание доцни, а и да се донесе, не ги отстранува целосно игрите а среќа од населените места.
