Регионална конференција за фемицидот: Над 50 илјади жени жртви секоја година!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Повеќе од 50 илјади жени и девојки годишно се убиваат од страна на интимниот партнер или член на семејството. Ова беше истакнато на регионалната конференција за фемицидот во Југоисточна Европа, која денеска започна во Собранието.

Според презентираните податоци, во 2024 година во светот биле убиени 83 илјади жени и девојки. Околу 50 илјади од нив биле убиени од партнер или член на семејството, што во просек значи 137 жени и девојки секој ден. На конференцијата беше истакнато дека фемицидот не треба да се гледа како приватен семеен проблем, туку како последица на континуирано родово базирано насилство.

Потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, рече дека регионот има напредок во законската рамка, но остануваат проблеми со податоците и спроведувањето на законите. Македонија го зајакна законскиот пристап кон родово базираното насилство, вклучително и преку измените на Кривичниот законик во 2023 година.