Регистриран земјотрес во Грција – почувствуван и во Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со интензитет 4,1 степени според Рихтер е регистриран попладнево во 15:09 часот по локално време во Грција.

Епицентарот на земјотресот бил на 39 километри од југозападно од Лариса, со длабочина од 7 километри.

Земјотресот е почувствуван и на територија на Македонија.

Инаку, во Македонија во изминатото деноноќие беа регистрирани серија земјотреси од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар.