Регистриран земјотрес во Хрватска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа Бановина во Хрватска.

Според хрватската сеизмолошка служба, земјотресот се случил во 12:44 часот, а земјотресот зафатил област на 8 километри.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

„Се чувствуваше прилично силно, се тресеше 6-7 секунди“, истакнаа сведоци во близина на епицентарот.

„Овој беше гаден и релативно долг“, рече еден локален жител.