24 нови случаи на коронавирус се регистрирани во последните 24 часа, со што сега бројката ја надмина 200, односно заразени се 201 лице.
„Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 24 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Куманово (4), Дебар (2), Охрид (1), Штип (1), Тетово (1). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 201 лица.“, велат од министерството за здравство.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денешниот ден кога ќре биде прес-конференцијата на Венко Филипче која не е познато кога ќе се одржи. Во 15 часот има седница на Владата.
