Велика Британија е подготвена да го спроведе својот дел од царинскиот договор со Соединетите Американски Држави и се надева на декларација од американскиот претседател Доналд Трамп со која договорот ќе стапи во сила во наредните денови, изјави денес британскиот министер за трговија Џонатан Рејнолдс.
„Подготвени сме веднаш да започнеме, и штом претседателот Трамп и Белата куќа ќе бидат подготвени да застанат на своја страна, ние ќе го спроведеме нашиот дел од договорот“, рече Рејнолдс, додавајќи дека се „надева“ дека договорот ќе стапи во сила до крајот на неделата, пренесува Ројтерс.
Тој изјави дека ќе издаде владина наредба, односно правен инструмент за спроведување на промените во реципрочните царински давачки.
