Денешното рочиште за случајот „Рекет“ се одложи поради тоа што двајцата сведоци не дојдоа на судење.
Денеска требаше да сведочи екс градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ и Лидија Јаневска, но тие не се појавија.
Рочиштето продолжува утре.
Случајот „Рекет“ се води против Бојан Јовановски – Боки 13, и екс обвинителката Катица Јанева.
