Рекорден број пожари во Македонија: Активни 21 пожар, службите на терен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Македонија денеска е регистриран рекорден број пожари за ова лето. До 17 часот, активни се 21 пожар, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али.

Пожари има во повеќе општини низ земјава, а најголем дел зафаќаат ниска и висока вегетација, шуми и земјоделски површини.

Активни пожари се регистрирани во Македонски Брод, Студеничани, Илинден, Желино, Зелениково, Кичево, Дебарца, Јагуновце, Тетово, Теарце, Гостивар, Чаир, Прилеп, Новаци, Штип, Битола, Центар Жупа, Ѓорче Петров и Скопје.

Меѓу локациите каде што има пожари се селата Драгов Дол, Моране, Батинци, Чифлик, Строхијадица, Осој, Манастирско Доленци, Климештани, Копанце, Џепчиште, Пршовце, Тополчани, Маково, Врсаково и Драгош.

Пожари се регистрирани и кај железничката станица во Ѓорче Петров, на улицата „Гоце Делчев“ во Скопје, како и на други локации.

„Денеска имаме рекорден број на пожари за ова лето. Службите се максимално ангажирани на терен, со цел справување со пожарите, нивно локализирање и целосно гасење“, порача Али.

Од ЦУК апелираат граѓаните да бидат особено внимателни и да ги почитуваат мерките за заштита од пожари.