Репрезентативците се собираат во Анталија, почнуваат подготовките за првите натпревари во 2024 година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонската репрезентација се комплетира во Анталија, Турција, каде што на 22 и 25 март ќе одигра два пријателски натпревари против Молдавија и против Црна Гора, што ќе бидат први мечеви за нашиот најдобар национален тим во оваа 2024 година.

Овие мечеви ќе бидат еден вид подготовка за она што следува во септември годинава, а тоа е почетокот на Лигата на Нации.

Поради повреда во последен момент отпадна играчот на Беверен, Ердон Даци кој мораше да го пропушти овој собир.

После овие два меча, Македонија ќе игра пријателски натпревари и против Хрватска и Чешка во јуни, кои ќе бидат последниот филтер пред септемврискиот старт во Лигата на Нации, кога отвораме против Фарски Острови на гости, а три дена подоцна и против Ерменија на домашен терен на 7 и 10 септември.