Рестрикции во јавното осветлување во Струга – Граѓаните против одлуката: Плаќаме јавно осветлување

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Општина Струга донесе одлука за рестрикции на јавното осветлување, поради енергетската криза.

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за ТВ21 изјави дека јавното осветлување ќе биде исклучено во 23 часот, бидејќи во спротивно нема да можат да си ги дозволат високите сметки.

„Сега дојде сметка од  8 милиони за јули, 10 милиони за август, почнавме со рестрикции, поставивме „тајмери“ секаде  од 23 до наутро  сакаме да бидат исклучени  уличните светла. Ова ќе биде мерка, доколку ситуацијата ескалира, постои можност рестрикцијата да трае  подолго“, вели Рамиз Мерко.

Но, има граѓани кои не се согласуваат со овие ограничувања за улично осветлување. Велат дека јавното осветлување го плаќаат во месечните сметки, кое  сега ќе им биде прекинато.

„Не прашувајте, 800 денари месечно за улично осветлување“.

Ограничувања на јавното осветлување воведоа и неколку други општини, за што полесно надминување на енергетската криза, бидејќи веќе неколку пати беше предупредувано дека нè очекува тешка зима.