Бисквити со фантастичен вкус за љубителите на лимон.
Состојки:
– 280 гр брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
– 80 гр шеќер
– 100 гр путер
– 1 јајце
– рендана кора од лимон и сок
– 1 ванилин шеќер
И повеќе…
– 60 гр шеќер
– 60 гр шеќер во прав
Подготовка:
Соединете ги сите состојки за тестото и замесете. Оставете 20 минути на ладно.
Во помал сад измешајте ги двата вида шеќер.
Од тестото земете мали парчиња со големина на ореви, обликувајте ги во топка, па притиснете ги меѓу дланките и убаво извалкајте ги во смесата со шеќер.
Потоа ставете ги на плех обложен со хартија за печење.
Печете ги бисквитите на 190 степени околу 15 минути.
Оставете ги добро да се изладат, па чувајте ги во затворен сад до употреба.
Пријатно!
