Наједноставниот десерт на сите времиња е чизкејкот во тегла или чаша, кој лесно се подготвува и изгледа светски
Чизкејкот во чаша е рецепт кој треба да научите да го правите – ќе ви се исплати!
Потребно ви е:
150 грама мелен бисквит
2 лажици шеќер во прав
50 грама маргарин или путер
1 лажица маскарпоне сирење
1 лажица кисела павлака
100 грама шеќер во прав
рендана кора од 1 лимон
250 мл слатка павлака
1 желатин
свежи јагоди
рендано чоколадо
Подготовка: Измешајте ги бисквитите, шеќерот и матеницата. Изматете го сирењето маскарпоне, павлаката и активираниот желатин. Додадете шеќер и кора од лимон. Изматете ја слатката павлака и измешајте ја со сирењето, павлаката, желатинот и шеќерот. Ставете во тегла така што на дното ќе ставите слој бисквити, па бел фил, па сечкани јагоди, па повторно бисквити, бел фил, јагоди и на крај рендано чоколадо. Уживајте.
