Револт во ДУИ: Села бара многу! Функционери на ДУИ бараат од Ахмети сами да настапат на избори

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Алијанса за Албанците (АА), крилото на Зијадин Села ги зголемила амбициите и бара од ДУИ 3 до 5 пратеници за да одат со заеднички листи на избори. Но, како што изгледа ова му предизвикува проблеми на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, внатре партијата. Група сопартијци изразиле загриженост до Ахмети дека ДУИ многу им нуди на потенцијалните коалициски партнери. Извори со кои разговараше ТВ21 велат дека се обидуваат да го убедат партиското раководство дека е подобро да одат сами на избори, отколку да им дадат многу пратеници на коалициските партнери кои, доколку настапат сами на избори, како што вели изворот, не можат да добијат повеќе од 1 или 2 пратеника.

Но што бара АА на Села? Конкретно на Изборната единица (ИЕ) број 6, Алијанса бара 2 победнички позиции и тоа за Илире Даути и Илир Демири. Но доколку се прошири коалицијата, тогаш по еден пратеник ќе побараат Мендух Тачи и Арјанит Хоџа. Тоа може да и чини многу на ДУИ која во случај да оди сама има голема веројатност во ИЕ6 да добие најмалку 5-6 пратеника. Во случај да оди со коалиција, тогаш листата би изгледала вака:

(1) АЛИ АХМЕТИ – ДУИ
(2) ФАТОН АХМЕТИ – ДУИ
(3) ИЛИРЕ ДАУТИ – АА
(4) (РЕЗЕРВИРАНО МЕСТО ЗА ДУИ)
(5) МЕНДУХ ТАЧИ (ИЛИ НЕГОВИОТ СИН) – ДПА
(6) ИЛИР ДЕМИР АА
(7) АРЈАНИТ ХОЏА ЕДП
(8) (РЕЗЕРВИРАНО МЕСТО ЗА ДУИ)

Доколку се земаат предвид последните анкети, според оваа варијанта ДУИ во ИЕ6 ќе добие 3 до 4 пратеника, а другите ќе им припаднат на коалициските партнери. Затоа во ДУИ постои загриженост и револт. Исто е и во ИЕ5, каде носител на листа се шпекулира дека ќе биде Зијадин Села. Изворите на ТВ21 велат дека во Струга ќе има револт кај структурите на интегристите, а кај другите ограноци, можеби оваа ситуација може и да се менаџира, велат за ТВ21 партиски извори.

Проблеми има и во ИЕ2, каде партијата на Села ја бара втората позиција, конкретно за Елми Азири. Внатрепартиска „војна“ во ДУИ има и за носителите на листи, иако како што изгледа Арбр Адеми има пореална веројатност да биде носител на листа во ИЕ2, позиција за која во игра е и Илир Хасани , но со минимална веројатност. Во случај ДУИ да оди со заеднички листи со коалицијата, тогаш во игра ќе биде и Басри Бајрами од ЕДП, кој ќе биде 4-иот или 5-иот на листата.

Зијадин Села на изјава за медиумите рече дека очекува да се конституираат партиските органи, за потоа да започнат преговорите. Од партијата на Арјанит Хоџа, за ТВ21 пред неколку дена прашани на оваа тема, рекоа дека ќе известат кога ќе донесат конкретна одлука.

Следната недела се очекува работите да се конкретизираат а во ДУИ продолжуваат притисоците кон претседателот Али Ахмети на избори да настапат сами и да не прават пазар со другите политички партии.