Ристески за Законот за нефер трговски практики: Да се почитува и да не се изигрува овој закон!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Заменик министерот за економија Марјан Ристески вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 истакна дека Законот за нефер трговски практики треба да се почитува и да не се изигрува.

Како што вели, овој закон нема веднаш да даде решение во однос на цените, но на долг рок ќе донесе стабилизација.

„Тој е закон донесен по европска директива, сите партии го гласале што значи дека е многу важен за државата. Кого и да прашате, дали партија или опозиција/позиција ќе ви каже дека основен закон за долгорочно регулирање на пазарот е овој закон“, вели Ристески.

Тој вели да не се изигрува законот затоа што не само што ќе бидат казнети туку го нарушуваат целокупниот процес.