Ристовски по големата победа: Се надевам дека повторно ќе ја израдуваме Македонија!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонскиот фудбалски репрезентативец Милан Ристовски денеска во изјава за медиумите истакна дека се уште се во позитивен шок по вчерашната историска победа во Палермо.

Тој додава дека навистина се среќни што успеале да поминат преку таква репрезентација како Италија, а вели и дека сега ништо друго не им останува освен да продолжат по тој победнички пат.

„Сега не ни останува ништо друго освен повторно да дадеме се од себе, да веруваме во себе како до сега и искрено верувам, и се надевам дека на позитивен резултат“, истакна Ристовски.