Ризик од неизгласувањето на уставните измени – „Северна Македонија ќе претрпи застој и уназадување“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Уставните измени е добро да се случат во ноември, но не по секоја цена. Ова го велат познавачите на домашната политика, кои додаваат дека евроатлантските интеграции се она што најмногу го сакаат и им е потребно на македонските граѓани. Алберт Муслиу вели дека во Македонија има некои политичари кои сакаат да ја ослабат европската перспектива на земјата, а за ова додава дека наредниот период бара поголем ангажман на партнерите.

„Мислам дека во наредниот период нашите евроатлантски партнери ќе бидат попосветени да ги освестат нашите политичари дека ова е најдобрата иднина и единствената консензуална иднина за македонското општество. Впрочем, евроатлантските интеграции се лепилото што ги обединува сите граѓани на Македонија, а тоа е единствената тема која има апсолутно мнозинство кај граѓаните. Без оглед на тоа како ќе поминува времето, некои политичари имаат тенденција да ја заматат таа перспектива, да го обноват скептицизмот“, вели Алберт Муслиу.

Од друга страна, Марко Трошановски од Институтот за демократија вели дека Северна Македонија ќе претрпи стагнација и уназадување на речиси секое поле доколку не почнеме преговори со ЕУ. Според него, ноември е посакуван, но не и незаменлив датум.

Аналитичарите велат дека ВМРО-ДПМНЕ всушност не е против уставните измени, туку сака тие да се случат кога се тие на власт. Предвремените парламентарни избори ги гледаат како компромис, во замена за гласање на уставните измени.