Роберт Спано од Исланд избран за нов претседател на Европскиот суд за човекови права

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Европскиот суд за човекови права го избра за свој нов претседател судијата Роберт Спано од Исланд, кој на таа функција ќе го наследи на 18 мај 2020, Линос-Алекснадар Сицилианос (Грција), јави дописникот на МИА.

Судијата Роберт Спано е роден на 27 август 1972 година, во Рејкјавик. Завршил правни студии и е магистер по европско и компаративно право. Работел како правник во канцеларијата на народниот правобранител на исландскиот Парламент, а исто така бил професор на Правниот факултет во Исланд.

Меѓу другото извршувал и други функции поврзани со заштитата на човековите права.

Тој покрај високи функции во исландските и европските правосудни органи, на 1 ноември 2013 бил избран за Судија во Европскиот суд за човекови права. Во судот бил претседател на секција  од 1 мај 2017 година до 30 април 2019 година и потпретседател на Судот од 5.05 2019 година.