Во една држава дури да има и едно дете со попреченост треба да се превземат мерки да се вклучи во општествените сфери. Ова реченица е дел од презентацијата на министерката Јована Тренчевска на извештајот на Република Северна Македонија по Конвенцијата на ООН за правата на детето во Женева. Но, на самиот почеток на новата учебна година, родители кои имаат деца со пречки во развојот, ја потсетуваат министерката за нејзините ветувања:
„Апропо изјавата на Министерката да се потсетиме дека за два дена почнува новата учебна година, а учениците со атипичен развој кои посетуваат средно образование немаат образовни асистенти бидејќи законот за средно образование не ја има поминато процедурата во собранието. Конкретно мојата ќерка нема ниту образовен ниту личен асистент кој би и помогнал во секодневните обврски на училиште. Воедно на 30-ти Јуни во Центарот за функционална проценка ни беше закажана реевалуација на која предвреме лично ги потсети сопругата, но еве до ден денешен никој не не контактирал. Овој документ е потребен за остварување на нејзините права, но до него не можеме да дојдеме“, изјави еден родител на дете со пречки во развој.
Асистентите на Фејсбук профилот ги најави и министерот за образование, но од училиштата велат нема доволно. Во просек на едно одделение има по еден ученик со попреченост.
„Зголемена е грижата за учениците со попреченост – 720 образовни асистенти се ангажирани за да им го олеснат совладување на наставната материја“, рече министерот за образование, Јетон Шаќири.
„Денеска ме известија колегите дека имаат нови колеги на работна позиција асистенти да им помагаат на децата со посебни потреби или потешкотиии во воспитно-образовниот процес. Но, и поплаки од родители дена нема доволен број, онолку колку што има потреба“, вели Томислав Гиевски од Независен синдикат за образование.
Од МТСП се уште немаме одговор дали ќе се има асисиетнти за сите ученици на кои им се потребни.
