Родителите кои сакаат да ги вакцинираат децата ќе треба да закажат термин преку vakcinacija.mk

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција истакна дека родителите кои сакаат да ги вакцинираат децата ќе треба да закажат термин.

Регистрацијата за вакцинација е на официјалната веб страница vakcinacija.mk и започнува денеска, а ќе трае до четврток кога ќе се поделат термините за аплицирање.

„Вакцината на Фајзер еднаш кога ќе се отвори мора да се вакцинираат шест лица поради тоа што во виалата има шест дози. Ако се јави едно или две деца имаме голем ризик да одреден број виали се фрлат. Тоа не сакаме да се случи, што значи дека родителите или старателите ќе може да ги регистрираат децата и понатаму од петок ќе почне и апликацијата на вакцините“, истакна Филипче.