Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција информираше дека е скратен интервалот меѓу првата доза и ревакцината со вакцината Астра Зенека.
„Утрово разговаравме со членови на комитетот за имунизација. Рокот за ревакцина со вакцината на Астра Зенека од 12 недели, ќе се скрати на 6 недели“, порача Филипче.
Тој вели дека во упатството имало една флексибилност, а тоа е од 4-12 недели.
„Ние бевме многу внимателни чекајќи ги сите публикации и искуства на другите земји во однос на првично регистрираните несакани ефекти. Како времето одминува и гледаме дека тој ризик е минимален, одлучивме ревакцината да не биде на минимумот од 4 недели, туку да биде на 6 недели“, вели Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
- Отворен нов пункт за вакцинација во Шуто Оризари
- Родителите кои сакаат да ги вакцинираат децата ќе треба да закажат термин преку vakcinacija.mk
