Романија подигна борбени авиони поради руски напад во близина на границата со Украина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Романското министерство за одбрана соопшти дека вчера биле испратени два борбени авиони Ф-16 да го следат романскиот воздушен простор во близината на границата со Украина поради руски напад со беспилотни летала врз украинската инфраструктура во близина на Тулчеа.

Системите за следење на романското министертво за одбана сигнализираа присуство на беспилотни легала во украинскиот воздушен простор, многу блиску до границата со Романија.

Во пораката се вели дека околу 3:20 часот полетале два авиони да ја следат ситуацијата. По околу два часа, авионите се вратиле во базата.

Активиран бил и системот РО-АЛЕРТ за заштита на населението во близина на Килија Веке.

Податоците од радарот не покажале дека леталото навлегло во романскиот воздушен простор.

ФОТО: Архива