Росоман исплати по 12 илјади денари на родителите кои имаат новороденче 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Општина Росоман реализираше исплата на финансиска поддршка за родители на новороденчиња.

Веста на Фејсбук ја соопшти градоначалникот Ѓорѓи Крстевски.

Како што информира, денеска е извршена исплата од по 12.000 денари на сите родители кои навремено поднеле барање за добивање парична помош за новороденче.

„Општина Росоман ќе продолжи со оваа мерка и во наредниот период, а во рамки на можностите ќе работиме и на зголемување на износот, со цел уште поголема поддршка за младите семејства. Грижата за најмладите е инвестиција во иднината на Општина Росоман“, вели Крстевски.