Ротари клуб Кочани–Виница реализираше две значајни хуманитарни и општествено корисни активности со кои директно се унапредуваат условите за живот и безбедноста на граѓаните.
Првата донација опфаќа 170 нови инвалидски колички, наменети за лица кои имаат потреба од поддршка во секојдневното движење, со што се овозможува поголема мобилност и достоинство за корисниците.
Втората донација е противпожарно возило за Виница, кое е предадено во рамки на поширока иницијатива за зајакнување на капацитетите на противпожарните служби. Возилото е донација од клубот и групацијата Roto M Vinica, а е едно од двете обезбедени во последните шест месеци.
На 27 април, официјално беше предадено противпожарно возило „Мерцедес“, со што значително се унапредува подготвеноста за справување со пожари и други интервенции на терен.
На настанот присуствуваа претставници од бизнис секторот, македонскиот амбасадор во Словенија, градоначалникот на Општина Виница, економското аташе, членови на противпожарната бригада, како и членови на Ротари клубот.
Новото возило ќе овозможи побрза, побезбедна и поефикасна интервенција на пожарникарите, кои секојдневно се соочуваат со ризици во заштита на животите и имотот на граѓаните.
Од клубот упатија благодарност до директорите на групацијата, Штефан Павлињек и Зоран Ефремов, за нивниот придонес во реализацијата на донацијата, нагласувајќи дека со заеднички напори се гради побезбедна и посилна заедница во Виница.
