Одложени мировните преговори за Украина во Лондон

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мировните преговори за Украина, кои беа закажани за денеска во Лондон, а требаше да ги води британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами, се одложени, соопшти британското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението на Форин Офисот се наведува дека „состанокот за мировните преговори за Украина со министрите за надворешни работи закажан за денеска (среда) се одложува“, но дека разговорите на официјално ниво ќе продолжат зад затворени врати, без присуство на медиуми, пренесува Гардијан.

Дипломати од Велика Британија, Франција, Германија, Украина и Соединетите Американски Држави денеска во Лондон требаше да одржат нова рунда преговори со цел да се постигне примирје во тригодишната војна меѓу Украина и Русија.