РУЧЕК ЗА ДЕНЕС: Гулаш со пилешко, одлично гурманско јадење за сите сетила

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Можеби изгледа комплицирано, но гулашот со пилешко е јадење кое добро функционира за секого.

Не мора да сте одличен готвач за да успее овој гулаш. Сè што треба да направите е да ги следите нашите упатства и ќе добиете совршенство.

Состојки:

  • 300гр кромид/2 малку поголеми глави
  • 1 среден морков/80-100гр
  • 2 чешниња лук
  • 60 мл масло
  • 600 гр пилешко филе
  • 1 лажица црвен пипер
  • сол, бибер, зачини по вкус
  • 150 мл пасирани домати
  • 100+400мл вода
  • Ловоров лист
  • кари по вкус

Подготовка:

Попржете ги кромидот и морковот. Додадете го пилешкото филе исечено на мали коцки. Кога месото ќе почне да се лепи за тавата, додадете ги пасираните домати и малку вода. Гответе додека сè не зоврие. Додадете го ловоровиот лист и другите зачини и варете уште малку. Послужете со пире од компири.