Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ги обвини Соединетите Американски Држави (САД) дека планираат да го саботираат гасоводот „Турски тек“, кој транспортира гас од Русија до Турција и кон Европа.
На прес-конференција во Москва, Лавров го обвини официјален Вашингтон дека помага во терористички напади врз енергетската инфраструктура и тврди дека има планови да се таргетира „Турски тек“.
„САД не толерираат конкуренција во ниту една сфера, вклучително и во енергетиката. Тие непромислено поддржуваат терористички активности насочени кон поткопување на енергетската стабилност на Европската унија“, рече Лавров.
Лавров продолжи да рече дека САД ги „охрабруваат“ своите украински сојузници да го „оневозможат Турски тек“ по саботажата на „Северен тек“. Обвинувањата на Лавров доаѓаат еден ден откако руското Министерство за одбрана соопшти дека соборило украински беспилотни летала кои се обиделе да нападнат дел од инфраструктурата на гасоводот Турски тек.
