Русија ги откри членовите на делегацијата за преговорите со Украина утре во Истанбул

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Русија, Владимир Путин соопшти кои ќе бидат членови на руската делегација на преговорите со Украина утре во Истанбул, соопшти Кремљ.

Членови на руската делегација ќе бидат заменик министерот за надворешни работи Гулазин, началникот на Генералштабот Костјуков и заменик министерот за одбрана Фомин.

За утре во Истанбул е најавен почеток на руско-украинските преговори.

Да потсетиме, претходно денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека чека да види кој ќе ја претставува Русија на претстојните преговори во Турција, пред да одлучи за следните чекори.