На спортистите од Русија и Белорусија им е забрането да се натпреваруваат на Зимските параолимписки игри 2022 година во Пекинг, кои треба да започнат утре.
Во соопштението денеска од Меѓународниот параолимписки комитет (IPC) се вели дека „ситуацијата во селата на спортистите ескалира и дека безбедноста на спортистите станала неодржлива“.
Првичната одлука на IPC да им се дозволи на 71 Русин и 12 Белоруси да се натпреваруваат како неутрални наиде на тешки критики.
„Ние многу цврсто веруваме дека спортот и политиката не треба да се мешаат“, рече претседателот на IPC Ендрју Парсонс во денешната изјава.
„Меѓутоа, без своја вина војната сега дојде на овие Игри и зад сцената многу влади имаат влијание врз нашиот негуван настан“, додаваат од таму.
