Во текот на ноќта Русија истрела вкупно 215 проектили и беспилотни летала кон Украина, соопшти утрово украинското воздухопловство преку соопштение.
Нападот вклучувал: 11 балистички ракети, 55 крстосувачки ракети, 4 планирани бомби и 145 дронови.
Од нив, според украинската војска, биле соборени 48 проектили и 64 беспилотни летала, додека 68 беспилотни летала биле „изгубени“, веројатно поради дејствијата на украинските системи за електронско војување кои успеале да ги дезориентираат или пренасочат.
„Главната насока на нападот беше Киев“, соопшти украинската војска.
Властите во главниот град претходно известија дека во нападот загинале најмалку девет лица.
Украинскиот претседател Володомир Зеленски откажа дел од програмата за посетата на Јужна Африка.
„Откажувам дел од програмата и се враќам во Украина веднаш по средбата со претседателот“, соопшти Зеленски.
Тој додаде дека министерот за надворешни работи на Украина ќе остане во Јужна Африка и ќе ги одржи сите планирани состаноци „за политичкото и граѓанското раководство на земјата да биде целосно информирано за ситуацијата“.
