Русија ја блокираше познатата апликација за комуникација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Руските власти ги блокираа услугите на апликацијата Viber бидејќи операторот наводно го прекршил законот, соопшти во петокот рускиот телекомуникациски регулатор Роскомнадзор.

Регулаторот рече дека апликацијата, во сопственост на јапонската мултинационална компанија Ракутен, се користела за терористички и екстремистички цели, за продажба на дрога и ширење дезинформации.

Обвинителите го истражуваа Viber за ширење „информации за дестабилизирање на политичкиот и општествениот поредок во Русија.

Вибер не ја коментираше оваа одлука.