Русија на заедничка воена вежба со НАТО, првпат после 10 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бродовите на руската морнарица ќе одржат заеднички воени вежби со земјите од НАТО, вклучувајќи ги САД и Велика Британија по првпат по десет години, а маневрите ќе се одржат во февруари во близина на брегот на Пакистан, соопшти денеска прес-службата на руската Црноморска флота.

Покрај бродовите на пакистанската и руската морнарица, во вежбите ќе учествуваат американската морнарица, кралската морнарица на Велика Британија, Народна Република Кина, морнаричките јапонските самоодбранбени сили, турската морнарица, филипинската морнарица, кралските поморски сили на Малезија, морнарицата на Шри Ланка и морнарицата на Индонезија, се посочува во соопштението на флотата.

Воената вежба ќе се одржи во февруари 2021 година, во близина на Карачи.