Русија од утре ја запира испорака на гас за Бугарија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Гаспром ја прекинува испораката на гас и за Бугарија.

Денеска Булгаргаз ЕАД доби известување дека испораките на природен гас од Гаспром експорт ќе бидат прекинати од 27 април 2022 година.

Бугарската страна целосно ги исполни своите обврски и навремено, строго и во согласност со неговите клаузули ги изврши сите плаќања што се бараат според овој договор, се вели во соопштението.

Според портпаролката на кабинетот Лена Бориславова, премиерот и вицепремиерот се свесни за ситуацијата и нема причина за паника или грижа.

„Во февруари се разговараше за такво сценарио и ние сме подготвени да реагираме. Има договори за алтернативни испораки, се е обезбедено“, потенцира Бориславова специјално за НОВА.

Министерот за енергетика Александар Николов ќе даде повеќе детали во среда.