Русија: Уништивме украински дронови над Црното море неколку часа после примирјето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украина и Русија постигнаа привремен договор за прекин на огнот, кој вклучува Црно Море и напади врз енергетската инфраструктура, откако американските претставници одржаа одделни состаноци со делегации во Саудиска Арабија.

Руското Министерство за одбрана тврди дека украинските беспилотни летала биле соборени над Црното Море, само неколку часа по постигнувањето делумен прекин на огнот.

Девет беспилотни летала се уништени во текот на ноќта на руска територија, од кои пет во регионот на Белгород, два во областа Курск и уште два над Црното Море, јави државната новинска агенција ТАСС.

Украина сè уште не ги коментира овие тврдења.

Руското Министерство за одбрана не прецизираше дали беспилотните летала биле насочени кон објекти во Црното Море или само летале над водата.

Во вторникот Украина и Русија постигнаа привремен договор за прекин на огнот, кој ги вклучува Црното Море и енергетските капацитети.