Русино затворено – директорот се обиде, но не ги убеди демонстрантите да си заминат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Продолжи револтот за депонијата Русино. И по 24 часа, влезот во депонијата е блокиран од демонстрантите од Стоп Русино. Блокадата се случи и покрај обидите на директорот на КХ Гостивар, Исак Љазами да ги убеди демонстрантите да си заминат од таму. Но тие не се откажуваат од барањата.

Оваа дискусија траеше 45 минути и тоа ги револтираше демонстрантите кои директорот Љазами го нарекоа лажго.

Инаку Љазами им возврати велејќи дека и нему не му е лесно да ја менаџира депонијата. Бидејќи не се постигна компромис, Љазами си замина а демонстрантите и денеска го блокираа Русино.

Велат дека не се откажуваат од нивниот став додека не се постават камери и не се регулира со документ дека во Русино веќе нема да се фрла отпад, нема да дозволат влез на тие кои што фрлаат отпад.

Состојбата со депонијата Русино се актуелизираше по последниот протест од гостиварци, а се интензивираше поради блокада на влезот во депонијата недозволувајќи влез на камионите кои пренесуваат отпад. Беше известено дека директорот Љазами му се заканил на еден од демонстрантите, но Љазами рече дека тоа не е вистина.