Руската хакерска група Cyber Army Russia Reborn, ја нападна Словенија и објави анонимно видео. Тврдат дека не сакаат да и наштетат на земјата и обичните граѓани, со оглед дека имаат знаме со иста боја, туку дека причина за нападот е што помагаат на Украина. Тврдат дека рускиот народ е мриољубив.
Аналитичарите веруваат дека оваа група има врски со руските тајни служби, најави дека оваа недела ќе има кампања против Словенија, но овојпат во пораката стои дека се на мета објекти од критична инфраструктура.
„Ние, Русите и Словенците не треба да се мразиме. Освен тоа, нашите знамиња се иста боја – бела, сина и црвена. Само грбот е поинаков, така што да нема забуна, не само со Русија, туку и со Словачка“, стои во пораката.
Заклучуваат дека Словенците не треба да им веруваат на медиумите кои пишуваат за агресивна Русија.
Видео пораката може да се види на следниот ЛИНК.
