Руски разузнавувачки авион се приближи до североисточниот брег на Германија, пред да се врати во Русија во придружба на германски борбени авиони, соопшти германската војска, потврдувајќи ја првичната информација која ја објави „Билд“.
Во четвртокот вечерта се огласил алармот за брза реакција во Лааге, воздухопловна база во близина на Рошток на брегот на Балтичкото море.
„Причината е непознато летало над Балтичкото море кое летало без план за лет или активиран транспордер“, изјави изворот.
Германските борбени авиони „Еурофајтер“ полетаа за да го идентификуваат извидувачкиот авион, модел Иљушин II-20, кој потоа беше „следен“, соопштија од воздухопловните сили, објавувајќи фотографија од леталото.
Според Билд, рускиот авион се наоѓал „источно од Руген“, германски остров во Балтичкото Море, во четвртокот наутро и се движел „кон германскиот воздушен простор“ во моментот на пресретнувањето.
Фактот што неговиот транспондер беше деактивиран претставува „значајна опасност за цивилниот воздушен сообраќај“, додава „Билд“.
Два германски авиони го следеле се додека тој не заминал кон областа Калининград.
