Руски воен хеликоптер се урна во областа Воронеж

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Две лица загинаа откако воен хеликоптер Ми-28 се урна и се запали во областа Воронеж, објави денеска рускиот информативен канал Астра.

Инцидентот се случил на 1 јануари околу 18 часот во нива во населбата Каменски, се наведува во објавата на каналот Астра на Телеграм.

Двајца членови на екипажот кои се наоѓале во хеликоптерот загинале, пренесува Астра, повикувајќи се на извори во регионалните служби за итни случаи.

ФОТО: Архива