Во Кривичен суд денеска продолжи судењето за „Рекет“. Се презентираат извештаите применувајќи ги посебните истражни мерки за тајно следење на лица надвор од домот.
Откако обвинителката Рускоска почна со презентирање на извештаите добиени од полицијата, приговор имаше одбраната на Катица Јанева за обвинителката да ги објаснува извештаите кои ги чита.
Рускоска возврати дека чита само она што го добила како извештај од полицијата и дека таа не може да „гата“ и коментира по добиените извештаи.
Приговор имаше и Бојан Јовановски, но судот не му даде збори и дече дека сите приговори ќе може да ги поднесе по завршувањето со овој доказ.
