„Катица Јанева нанесе срам на обвинителството и поради тоа од моја страна, но и од страна на многу мои колеги, постои антагонизам кон Катица Јанева“, рече Вилма Рускоска по денешното рочиште за „Рекет“ во кое исказ даде токму Јанева.
Рускоска истакна дека има снимка во која се гледа дека Јанева прима пари од Јовановски. Таа ги отфрли и обвинувањата дека предметот не се темели само на исказ од еден.
„Примила 50 илјади евра поранешната колешка од Боки Јовановски, а таа не смее да прима никакви награди. И не е важно од каде потекнуваат тие пари, туку дека таа примила пари“, рече Рускоска кои ги нарече лаги понудите на Јовановски да ги даде шифрите од телефонот на Кичеец.
„Тој имаше можност преку својот бранител да ги достави шифрите затоа што го кажа тоа пред еден месец. Тоа не го стори, што е уште една лага од страна на Јовановски“, заврши Рускоска.
