Русковска објаснува зошто уште во петокот не бил побаран куќен притвор за Сашо Мијалков

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Обвинителката Вилма Русковска во емисијата „360 степени“ ги објаснува двете причини зошто уште во петокот по завршните зборови за предметот „Таргет-тврдина“, обвинителството не побарало веднаш куќен притвор за Сашо Мијалков.

Две причини. 1. Немавме законска можност, затоа што Мијалков ги почитуваше определените мерки од Судот, и редовно се јавуваше на рочишта. 2. Доколку во тој момент побараше притвор, можеше да се протолкува, и ќе се продолкува како прејудицирање на пресудата. Додека Судот не ја објави пресудата, ова повеќе да објасни, секој е невин. Што значи пресудата можеше да биде ослободителна. Врз база на што обвинителството да бара притвор?

Русковска додава дека во вакви случаи Обвинителството може да бара притвор при изрекување казна затвор од страна на Судот.

„Не беше иста ситуацијата со Груевски, затоа што тогаш при објавување на пресудата за Груевски, тој уште беше во државата, обвинтиелството не побара притвор за него. Затоа апсолутно не мислам дека ситуацијата е иста. Многу е различна ситуацијата. Исходот е ист, апсолутно. Периодот од изрекување на казната, до добивање на упатен акт за издржување на казна е поразлично отколку да се бара притвор пред изрекување на казната“, додава Русковска за „360 степени“.