Русковска: Пријавите на Милошоски со снимените разговори ќе ги отфрлиме

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Обвинителката Вилма Русковска синоќа во гостување во емисијата „360 степени“, рече дека сите пријави кои беа поднесени од страна на Антонио Милошоски ќе бидат отфрлени.

„Се беше предадено на вештачење, во едниот случај диктафон, а во вториот случај беше телефон. Тие беа дадени на компјутерска форензика во рамките на Министерството за внатрешни работи и по екстрахирањето на податоците се вршеа анализи на истите. Од тоа што успеав да го прочитам од тие анализи е дека се работи за повеќе разговори, кои се прекинати, па додадени делови од други разговори. Ние сè уште немаме јавно соопштено одлука, но ќе се донесе резолуција за отфрлање на тие пријави“, вели Русковска.

Според нивните анализи се работи за повеќе снимки кои не се целосни, а се додавани повеќе парчиња од различни разговори.