Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 рече дека оваа година буџетот е поголем за разлика од минатата година.
„Оваа година благодарејќи и на Владата која има за цел и фокус изградба на патишта, нашиот буџет е зголемен, буџетот за 2021 е 400 милиони евра“, потенцираше Рустеми вечерва во студиото на ТВ21.
Тој додава дека оваа 2021 година ќе биде година ан изградба на патишта.
„Имаме стабилен буџет и добри проекти, останува реализација на предвидените проекти“, додаде Рустеми.
