Ејуп Рустеми, директор на ЈП „Државни патишта“ вели дека од кога бил именуван директор на ова претпријатие, главен приоритет има патот Скопје – Блаце. Вели дека на првите 2 километри се работи интензивно и дека се очекува во текот на овој мандат да завршат, а во меѓувреме се подготвува и идејниот проект за другиот дел.
„Кога дојдов јас како директор, за другите 10.6 км немавме ниту траса ниту имаа почнато со проектирање на 10.6 км за да се проектира овој дел. Успеавме на средина на декември да ја одредиме трасата и да започне проектирањето. На терен се вршат истражувања и целосна геомеханика на трасата.“, вели Рустеми.
Рустеми ветува дека и коридорот 8, до 2025 ќе биде готов.
„Доколку успееме да направиме таков договор со таква компанија, тогаш веруваме и сме сигурни и убедени дека до крајот на 2025 ќе ги имаме комплетни Тетово, Гостивар и цел коридор 8.“, рече Рустеми.
Според искуството од минатото, аналитичарот, Арбен Раткоцери, изјави дека е скептичен во врска со ветувањата за брзо завршување на овој пат.
„Во делот на Македонија започнати се 2км, а 10 км, сега дознаваме од директорот дека до никаде не се. Тргнувајќи од искуството што го имаме, проект што се наоѓа во оваа фаза, јас ветувам и јавно дека тие за 10км ќе треба долго време да се завршат“, вели Раткоцери.
Рустеми зборуваше и за застојот во изградбата на автопатот Кичево – Струга.
„Проектот во моментов е поделен на 71 дел на патот кај тие искосени делови и тоа е од 2019-2020 во министерството за транспорт и врски за дозвола. Сега сме во постојани разговори, почнавме поинтензивен ангажман и почнавме да добиваме дозволи за експропријација.“, изјави Рустеми.
Раткоцери му побара на Рустеми да спомне само еден пат кој е изграден откако ДУИ е на власт.
Раткоцери: „Директоре, кој пат сме го направиле до сега. Кажи ми еден сериозен пат што го имате направено. Еден, само еден кажи,освен дупките или со бекатонот. Затоа треба да ни верувате и во скептицизмот…
Рустеми: ДУИ тоа што кажала тоа остварила
Раткоцери: Кажи ми еден сериозен пат. Само еден пат.
Рустеми немаше конкретен одговор, но зборуваше и за патот Тетово – Призрен, а извести дека само за 2021 година се доделени 400 милион евра за изградба на патот.
