Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, предложи членките на алијансата да ги зголемат трошоците за одбрана на 3,5 проценти од БДП и да издвојат дополнителни 1,5 проценти за пошироки трошоци поврзани со безбедноста, за да се исполни барањето на американскиот претседател Доналд Трамп, членовите на воената алијанса да издвојат 5 проценти од БДП за одбрана, изјавија добро информирани извори за Ројтерс.
Официјалните лица изјавија дека пошироките трошоци поврзани со безбедноста би можеле да вклучуваат трошоци за надградба на патишта и мостови за поддршка на транспортот на тешки воени возила.
Моментално, целта е членките на НАТО да издвојат најмалку два проценти од БДП за одбрана.
