Додека некои земји во регионот веќе го започнаа процесот на вакцинација против Ковид-19 и го објавија бројот на дозите кои ќе ги имаат на располагање, кај нас сè уште не се знае точно колку дози ќе пристигнат во февруари и колку граѓани ќе можат да се вакцинираат. Во меѓувреме, од „Биотек“ информираат дека работат со нивниот партнер „Фајзер“ за да го зголемат производството на вакцината, најавувајќи дека ќе има недостиг во снабдувањето сè додека не започне дистрибуцијата на вакцините од другите компании.
-Во моментов состојбата не изгледа добро. Има дупка, бидејќи недостигаат другите вакцини, а ние мора да ја пополните дупката со нашата вакцина-вели Угур Сахин од Бионтек.
Уште пред да пристигне вакцината, некои политичари веќе изјавија дека сакаат да бидат меѓу првите кои ќе се вакцинираат, за да послужат како пример за останатите граѓаните. Вакво нешто најави и претседателот на Собранието, Талат Џафери во „Клик Плус“.
-Се подразбира дека како претседател на парламентот и како прв од еднаквите од 120 пратеници, немам дилеми во сиот светски ум што е посветен за создавање на соодветната вакцина, бидејќи секоја пандемија што се случила во историјата на човештвото завршила со чинот на вакцинирање на населението. За себе немам никаква дилема-рече Џафери.
Во меѓувреме, вчера Албанија извести дека обезбедила 500 илјади анти-ковид вакцини, од кои 10.750 дози ќе пристигнат во третата недела од јануари.
-Договоривме обезбедување вакцини од компанијата „Фајзер“. Постигнавме договорот со нормативен акт кој официјално е потврден од компанијата „Фајзер“. Договорената количина ќе се плати веднаш. Првите 10.750 вакцини од овој договор ќе пристигнат во третата недела од јануари, други 30.250 дози ќе пристигнат во февруари, а останатите, месец по месец според планот за вакцинација.-вели Рама.
Рама додаде дека нема да го заборави и Косово и дека ќе му даде дел од вакцините за вакцинирање на здравствените работници. Инаку, пред неколку дена Европската комисија извести дека одвоила 70 милиони евра за да помогне во финансирањето на пристапот на Западен Балкан до вакцините против Ковид-19. Вреди да се напомене дека бројот на граѓаните кои ќе се вакцинираат треба да се пресмета како половина од вкупниот број на капацитетите на вакцините, бидејќи за еден граѓанин се потребни две дози кои се даваат една по друга според предвидениот рок.
