Министерот за образование и наука Арбер Адеми на денешната прес конференција истакна дека сѐ уште нема договор за протоколите според кои учениците би се вратиле во своите училишта.
„Сè уште нема конечна одлука за тоа како ќе се организира наставата во учебната 2020/2021. Продолжуваат консултациите меѓу Министерството за образование и Комисијата за заразни болести“, соопшти министерот за образование Арбер Адеми.
Тој не ја исклучува можноста и за пролонгирање на учебната година.
„Во МОН преовладува ставот за физичко присуство на учениците, но сè зависи од епидемиолошката состојба“, додаде Адеми.
Адеми на прес-конференција информираше дека се разгледуваат три модели: физичко присуство, онлајн настава и комбиниран модел.
