Сѐ уште нема одговорност за трагедијата во Тетово, ДУИ обвинува за протестите! АА: Не сме ние организатори

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поминаа 10 дена од трагедијата во Тетово кога пожар ја зафати модуларната болница во која животот го загубија 14 граѓани. До денеска нема обвинение за оваа несреќа, а се уште не се познати ниту причините за пожарот. Затоа, вчера во Тетово се одржа протест кој беше мета на напади меѓу двете албански партии, едната на власт другата во опозиција. Од ДУИ велат дека протестот е организиран од албанската опозиција.

„Ние сметаме дека граѓаните во Македонија, воопшто, имаат чувство на политика едукација за да ги разберат изборните програми и секој обид за злоупотреба на трагедијата во Тетово. Секако дека имаме информации дека и вчерашните протести беа под директни инструкции од високи функционери на албанската опозиција.“, вели Агим Нухиу од ДУИ.

Но од АА негираат такво нешто. Велат дека нивните протести секогаш биле транспарентни за јавноста.

“Опозицијата е виновна“. Оваа е најбаналната реторика и единствениот одговор што го слушаме од хибридниот режим секогаш кога се соочуваат со горката реалност за начинот на кој ја воделе земјата.Агим Нухиу, ти се зголеми злото! После 27 април, ти се додаде и осми септември. Агим, знаеме дека немаш слушнато за оставка, ниту пак во вашиот политички ген го немате имплементирано политичкиот и човечкиот морал.“, велат од Алијанса за Албанците.

На вчерашниот протест во Тетово беше побарана одговорност и правда за 14 жртви кои животот го загубија во модуларната болница. Демонстрантите се обида да отидат и пред седиштето на ДУИ во Тетово, но полицијата не им дозволи, по што следеше судир меѓу полицијата и демонстрантите.