Сѐ уште важат со „Република Македонија“ – возачките дозволи и личните карти важат до истекување на рокот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошовски апелираше до полициските службеници да не ги казнуваат граѓаните чии возачки дозволи се уште го носат старото име на државата. Во однос на личните карти, според Тошковски, тие не треба да се менуваат доколку се валидни. Министерот порача дека граѓаните не треба да бидат оштетени од погрешните политики на претходната власт.

Запрашан за сообраќајните камери кои ќе ги евидентираат сообраќајните прекршоци, Тошковски се надева дека во текот на 2025 година ќе се направат потребните законски измени за нивно поставување и очекува реализацијата на овој проект, поточно поставувањето на камерите, да започне оваа година , добивањето дозволи и подготовка за судења и Управата за јавни приходи.

Со воведувањето на овој нов систем, министерот најави дека ќе бидат казнети граѓаните кои не го почитуваат законот, кои возат под дејство на алкохол, граѓаните кои се дивеат на патиштата и наместо 80 возат со 200 км/ч.