Сабри Азири, ковид координатор на Инфективна: Живееме за ова што денес го работиме, имаме голема подршка од министерот Филипче

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ковид координаторот на Инфективна клиника, Сабри Азири се вклучи во дебатата во „Клик Плус“ на ТВ21 со директорите Докиќ и Стевановиќ, и министерот Филипче.

Азири рече дека има одлична соработка со сите клиники, како и со министерот Филипче. Истакна дека ќе работат 24-7, колку што е потребно, само да ги услужат пациентите.

„Јас како координатор работам 24-7, бидејќи сум достапен за нашите пациенти. И така ќе издржиме до кога е потребно, само да ги услужиме нашите пациенти. На почеток имавме состанок со сите главни сестри на Клинички, и горд сум што како никогаш досега сите сме сплотени, и излегоа во пресрет да пратат сестри, болничарки. Во исто време и во ковид центрите, ние праќаме лекари“, рече Азири кој ја истакна одличната координација и поддршка со сите Клиники и здравствените власти.

„Имаме поддршка од институциите, ние имаме одлична соработка со директорот, имаме одлична соработка со министерот, нешто што не охрабрува е поддршката од министерот да истраеме во оваа борба“, вели Азири.

Целата изјава низ видеото подолу: