САД гласа за Конгресот – Бајден: Демократијата е во опасност; Трамп: Америка пропаѓа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Републиканска победа на денешните избори за Конгресот би можела да ги ослабе демократските институции на земјата, предупреди американскиот претседател Џо Бајден. Екс претседателот Доналд Трамп, пак, предупреди дека Америка пропаѓа, и најави дека кандидатурата за претседател ќе ја поднесе идната недела.

Доколку Републиканците го освојат Претставничкиот дом, како шро предвидуваат анкетите, ќе биде нарушена способноста на Бајден да носи закони. Овие избори исто така се еден вид референдум за лидерството на претседателот. Популарноста на Бајден опадна по најлошата инфлација во последните четири денеции.

„Знаеме дека демократијата е во опасност, и ова е момент да ја браните“, им се обрати на граѓаните Бајден.

Во последните анкети, само 39% се задоволни од работата на Бајден, додека Трамп објави дека на 15. ноември во Флорида ќе каже нешто големо.

„Ако сакате Америка да пропаѓа, тогаш мора да гласате за радикално левите, луди луѓе. А, ако сакате да го сопрете уништувањето на Америка, тогаш мора да гласате за Републиканците“, изјави Трамп.